Остин: Премногу е рано истекувањето на гас да се нарече терористички чин

Макфакс

30/09/2022

09:18

1.484

Големина на фонт

а а а

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин најави дека се уште е рано да се шпекулира кој би можел да биде одговорен за инцидентите на гасоводот Северен тек.

„Што се однесува до нападот — или оштетувањето на гасоводот, мислам дека во овој момент има многу шпекулации. Но, искрено, додека не се спроведе целосна истрага, никој не може со сигурност да каже што се случило“, рече Остин на прес-конференција, пренесува Ројтерс.

Американскиот министер за одбрана додаде дека за инцидентот разговарал со својот дански колега во средата, кој му рекол „дека за неколку дена може да испрати соодветна екипа на локацијата, која најдобро ќе може да утврди што се случило“.

„Сè додека не добиеме дополнителни информации или не сме во можност да направиме дополнителна анализа, нема да шпекулираме кој може да биде одговорен“, рече Остин.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека „невидената саботажа“ на гасоводот „Северен тек“ е „чин на меѓународен тероризам“, се вели во соопштението на Кремљ.

Европската унија истражува големи истекувања во гасоводите Северен тек 1 и 2 под Балтичкото Море и соопшти дека се сомнева дека има саботажа, пренесува Ројтерс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг