(Фото) Наталија има 102 килограми и ниту еден грам сало – вакво тело не сте виделе

Точка

29/09/2022

15:53

72.720

Големина на фонт

а а а

Русинката Наталија Кузњецова е повеќекратна светска шампионка во „powerlifting“, а доволен е само поглед на оваа жена за да сфатите колкава сила „лежи“ во неа. Наталија овие денови престојува во Црна Гора на „Montenegro Open Championship“, па нејзината приказна ја заинтригирала регионалната јавност.

Оваа 31-годишна жена од градот Чита ја знаат и како „руска Амазонка“, а многу е популарна на социјалните мрежи, пред сè поради специфичната појава и навистина неверојатниот изглед на телото.

Наталија на Инстаграм ја следат повеќе од милион луѓе, а таа често споделува фотографии од својата набилдана фигура и извајани мускули, но и деталите од приватниот живот.

Таа во светот на бодибилдингот влегла уште како 14-годишно девојче во желба да ја зголеми самодовербата, но набрзо се заљубила во теретаната и започнала со професионални натпреварувања. „Не сонував за кариера на професионален спортист. Како и многумина, отидов во теретана без некоја сакана цел, но по три месеци, мојот тренер ме праша дали сакам да учествувам на натпреварувања“, се потсетила Русинката.

Оваа дама има импозантни мерки – висока е 173 центиметри, а бројката на вагата варира меѓу 90 и 102 килограми, во зависност дали се подготвува за натпреварување или не. Обемот на нејзиниот бицепс изнесува неверојатни 51 центиметар, а градите 130 центиметри.

Таа својот сегашен сопруг Владимир го запознала пред 13 години, а ни едниот ни другиот немаат проблем што Наталија има поголем бицепс од него. Таа објаснила и дека меѓусебната љубов и поддршка се клуч за нивната здрава врска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг