Силно невреме вчера ја зафати Риека и предизвика огромни поплави.
Сообраќајот во делови од градот, вклучително и поголемиот дел од центарот е блокиран, а сите служби за итни случаи се на терен. Поплавени се училишта, музеи, згради на ректоратот и на полицијата, како и куќи и згради низ градот.
Бројни автомобили останаа заглавени во поплавените улици. Некои патишта се целосно потопени.
Полицијата во Риека извести дека синоќа околу 19.30 часот добила пријава дека во поплавен автомобил е пронајдено машко лице. Кога пристигнала брзата помош, мажот починал.
Телото е испратено на обдукција.
Според неофицијални податоци, синоќа за два часа наврнале 140 литри дожд на метар квадратен. Сообраќајот низ улиците на центарот на градот е оневозможен или забавен.
Rijeka ? pic.twitter.com/jydKR9EHxs
— ŽeljkaB (@b_zeljka) September 28, 2022