Есента и официјално пристигна, а тоа го знае и Кејт Мидлтон, која донесе едно од омилените парчиња облека - капут.
Кејт е вистинска принцеза на модата, но и кралица на капутите, а тоа го докажа и денеска.
Кејт и нејзиниот сопруг Вилијам денеска посетија спасувачка станица во Велс, а принцезата како и секогаш изгледала беспрекорно.
Се одлучила за многу едноставен стајлинг, па облекла црни панталони со широки ногавици, црна маичка, а потоа за да ја „разбие“ монотонијата облекла црвен капут „Спенсер“ кој чини 670 евра.
Капутот со едноставен крој е украсен со златни копчиња и прекрасни детали на џебовите. Од модни детали носела црна ташна и златни обетки, а кога се чевлите во прашање, се одлучила за црни кожни потпетици кои одлично се совпаѓаат со целата комбинација.
Принцезата од Велс е позната како некој што често носи слична облека по примерот на Лејди Ди, па многумина помислиле дека со овој капут сакала да ѝ оддаде почит.