Пике „полудел“ по интервјуто на Шакира: „Бесен е, таа се прикажува како жртва“

Точка

24/09/2022

21:45

5.823

Големина на фонт

а а а

Жерард Пике бурно реагирал на интервјуто на Шакира за причините за раскинувањето на нивната врска, тврди извор за шпанските медиуми.

Имено, нејзините изјави го налутиле и тој мисли дека таа глуми жртва.

„Сите што го познаваат, знаат дека и кога ќе излезе и ќе испие една чаша повеќе, тој сепак останува одговорен во извршувањето на деловните задачи и се грижи за своето семејство“, рекол тој.

„Тој ги носи своите деца на училиште, на воннаставни активности, патувања итн. Своето слободно време целосно им го посветува. Бесен е на Шакира што се прикажува себеси како личност што ја запоставила кариерата за да се грижи за нејзините деца и да им биде добар пример“, додава изворот.


За потсетување, Шакира неодамна во интервју за магазинот Elle, меѓу другото го кажа и следново:

„Можам само да кажам дека вложив сè што имав во оваа врска и моето семејство. Пред моите деца да тргнат на училиште, водев номадски живот. Отсекогаш живеев како уметник, патувајќи без престан, одејќи во различни делови на светот , на турнеи, настапувајќи, промовирајќи се... Но, на крајот на 2014 година, знаев дека морам да ставам сè во втор план и да ја ставам кариерата во втора брзина. Знаев дека морам да се смирам, да пуштам корени во Барселона и да бидам тука за Милан и Џерард, а подоцна и за Саша“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг