Саутгејт ќе ја води Англија во Катар

Макфакс

24/09/2022

14:23

1.913

Големина на фонт

а а а

Герет Саутгејт ќе остане селектор на Англија до крајот на годината, односно до завршувањето на Светското првенство во Катар.

Англичаните ги урнаа сите негативни рекорди во оваа Лига на нации, но и покрај лошите резултати позицијата на Суатгејт не е загрозена.

Саутгејт очигледно има кредибилитет бидејќи стигна до полуфиналето на Светското првенство во Русија и финалето на Европското првенство минатата година.

Англија на пет натпревари нема постигнато ниту еден гол од игра, постигна само еден гол и то од пенал, против Германија и испадна во Б дивизијата во Лигата на нации.

Сепак, англиските медиуми тврдат дека нема ни најмала шанса Саутгејт да добие отказ пред Светското првенство.

Англија во понеделник се среќава со Германија во последното коло од Лигата на нации, но тој резултат нема да влијае врз неговата иднина и покрај тоа што јавноста сериозно ќе продолжи да врши притисок за негова смена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг