Анализа на „Пари“: Секој осми голем работодавач е во загуба

Точка

23/09/2022

19:50

31.733

Големина на фонт

а а а

Финансиските податоци за 100-те најголеми работодавачи во компаниите од приватниот сектор (без банки и осигурителни друштва) покажуваат дека, грубо пресметано, секоја осма од нив била во загуба во 2021 година. Имено, загуба имаат 12 фирми кои се наоѓаат на листата на 100 најголеми работодавачи.

Нивната вкупна загуба е 28 милиони евра, а во овие компании работат 5.800 работници! Ако се бара добрата во лошата вест – факт е дека загубари нема меѓу првите 19 најголеми работодавачи, а таму се компаниите каде бројот на работници надминува по 1.000 вработени, при што на самиот врв, кај прворангираниот работодавач – Дрекслмајер мануфактуринг Македонија ДООЕЛ – достигнува 5.626 вработени.

Порталот Пари заедно со платформата БизнисМрежа.мк анализира на кои големи работодавачи лани не им одело добро, и со каков минус ја стартувале 2022.

Износите се прикажани во ЕВРА

Кои се на самиот врв?

Од овие загубари, со најмногу вработени – 683 е ТАВ Македонија. Очекувано, авионскиот сообраќај имаше значителен пад во време на пандемиските 2020 и 2021 година, па и компанијата која управува со скопскиот и со охридскиот аеродром имаше загуби од 6,6 милиони евра во 2020 и 3,1 милиони евра во 2021 година.

Градежното претпријатие Бетон има најголема загуба меѓу овие 100 најголеми работодавачи – дури 12,7 милиони евра. Како што е познато, Бетон не успева да си ги изврши обврските од преземените договори, па меѓу најновите информации е тоа што Народната банка го откажа договорот за изградбата на нејзината нова зграда и ја активира банкарската гаранција затоа што „Бетон“ одамна требаше да го исполни договореното. Поради лошата финансиска состојба, Бетон на крајот од 2021 година објави јавен повик за продажба на хотелот што го има во Охрид во населбата Свети Стефан. Во „Бетон“ лани работеле 628 вработени.

Две големи коцкарници во минус

Меѓу најголемите работодавачи се и Друштвото за обложување и коцкање „Ма гејминг“ и казината „Сенатор“, но тие лани биле во загуба. Загубата на „Ма гејминг“ била 720.000 евра, а таму лани работеле 618 вработени, а „Сенатор“ имал загуба од 2,1 милиони евра и вработувал 579 работници.

Целосниот текст прочитајте го на следниот ЛИНК.



Спонзорирани линкови

Маркетинг