(Видео) Редови пред гласачките места: Почна референдумот за обединување на Донбас со Русија, меѓународната заедница стравува

Точка

23/09/2022

11:50

4.338

Големина на фонт

а а а

Во Доњецката и Луганската народна република, Запорожје и Херсонските региони денеска почна гласањето за обединување со Русија.

Референдумот ќе трае пет дена, а прелиминарните резултати се очекуваат во среда.

Руските медиуми јавуваат дека во вторник ќе може да се гласа на избирачките места, а во првите четири дена полицијата и руските функционери ќе одат од врата до врата и ќе собираат гласови од оние граѓани кои не можат да дојдат на гласачкото место, или граѓаните ќе може да гласаат во соседните територии.

Москва вели дека причината за тоа што стравуваат е дека избирачките места би можеле да бидат нападнати. Избирачки места ќе бидат отворени и во Русија.

На снимките од гласачките места се гледаат гужви.

„Денеска во 08:00 часот по московско време започна процесот на одржување референдум за приклучување кон Руската Федерација на Народна Република Доњецк како субјект. Гласањето се одвива во претходно утврдената форма на целата територија на ДНР, што е контролирана од властите на републиката“, изјавил за „РИА Новости“ Владимир Висоцки, претседател на ЦИК од ДНР.

Сите избирачки места во регионите Запорожје и Херсон започнаа навреме со работа и се во согласност со плановите, велат официјалните лица.


Покрај тоа, во некои региони на Русија се отворени избирачки места за внатрешно раселените лица. Па така, биле формирани локации во Јакутск, Мирни и Нерјунгри, каде рудари од Донбас работат во локални рударски компании, како и на Сахалин.

На референдумот во ДНР, ЛНР, Херсон, Запорожје, руски сенатори исто така работат како набљудувачи, изјавила претседателката на Советот на федерацијата, Валентина Матвиенко.

Матвиенко напоменува дека условите за гласање диктираат посебни безбедносни барања, но дека е направено сè за да се обезбеди транспарентност и отвореност.

На почетокот на неделата, советите на ДПР и ЛНР апелирале до шефовите на републиките, Денис Пушлин и Леонида Пашечника, веднаш да одржат референдум за приклучување кон Русија.

Исто така, на 20 септември, администрациите на регионите Херсон и Запорожје објавиле планови за одржување референдуми на истите датуми.


Како што нагласиле претставниците на регионот, приклучувањето кон Русија ќе ги обезбеди нивните територии и ќе ја врати историската правда. Владимир Путин рече дека Русија ќе ја поддржи одлуката што ќе ја донесат жителите на Донбас и на ослободените територии.

Западот и Украина се плашат од референдумот бидејќи припојувањето на речиси 15 отсто од територијата на Украина кон Русија може дополнително да ја влоши ситуацијата и да доведе до ескалација на насилството, особено по предупредувањето на Путин дека Москва ќе ги искористи сите средства, вклучително и нуклеарното оружје, за да се одбрани, доколку е загрозен нејзиниот територијален интегритет.




Спонзорирани линкови

Маркетинг