Инфлуенсерка со фотографии од нејзиното тело порачува дека сосема е нормално да имаме стрии, целулит и лузни

Точка

22/09/2022

20:02

9.810

Големина на фонт

а а а

Фактот што на светот му ги покажала своите несовршености, ја натерал повеќе да не ја мачат недостатоците.

Инфлуенсерката и дизајнерка на костими за капење Карина Ирби е позната како некој кој испраќа позитивни пораки за женското тело, пренесува „Дејли стар“.


Таа редовно објавува фотографии во бикини и ги воодушевува своите 1,2 милиони следбеници со позитивно гледање на несовршеностите.

Карина веќе неколкупати објавуваше зголемени фотографии од своето тело, нецензурирани, на кои јасно се гледа секое дупче, стрии и несовршеност што секој од нас ги има на својата кожа.


Вели дека некогаш најголемата несигурност ѝ биле бутовите и задникот, но научила да ги прифаќа и сака.

„Целулит. Дупки од сало. „Кора од портокал“. Егзема. Лузни. Сето ова ме вознемируваше, но објавувањето на моите маани всушност ми ја врати моќта“, открила таа.


„Сега не постои нешто што некој би можел да каже за моето тело или кожа, што би можело да ме повреди“, вели Карина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг