Принцот Хари и Меган Маркл се враќаат во нивниот дом во Лос Анџелес - без да разговараат со кралот Чарлс

Точка

22/09/2022

17:55

5.186

Големина на фонт

а а а

Принцот Хари и Меган Маркл се враќаат во Лос Анџелес без никаков договор со новиот британски крал Чарлс Трети и принцот Вилијам.

Претходно, кралскиот експерт Нил Шон тврдеше дека Маркл побарала приватна средба со кралот Чарлс Трети по погребот. Наводно испратила и писмо во кое бара приватен разговор.

Пријателка на двојката, Гејл Кинг, истакнала дека принцот Хари и Меган се вратиле во Лос Анџелес без договор со кралот.


„Имаше напори од двете страни да се поправи целата ситуација. И покрај напорите, немаше помирување во семејството. Големите семејства секогаш минуваат низ драма. Останува да се види дали нивните односи ќе се подобрат. Времето ќе покаже дали Меган и Хари ќе се зближат со остатокот од кралското семејство или целосно ќе се разделат“, рече таа.

По последното испраќање на кралицата Елизабета Втора, многумина коментираа колку е убаво конечно да се види војводата од Сасекс со неговото семејство. Инаку, тензиите во кралското семејство започнаа кога Меган и Хари се откажаа од кралските обврски.




Спонзорирани линкови

Маркетинг