(Видео) Расплакани жени ги испраќаат Русите во војна! Потресни сцени после одлуката на Путин за мобилизација: „Јас сум за мир, не сакам да пукам“

Точка

22/09/2022

13:19

8.345

Големина на фонт

а а а

После објавата на рускиот претседател, Владимир Путин, веднаш почнало мобилизирање на резервистите.

На социјалните мрежи се објавени многу снимки на кои новите регрути се опростуваат од своите семејства.

На снимките од Јакутск се гледа како голем број луѓе влегуваат во автобус, откако со солзи се збогуваат со своите најблиски.

Откако Владимир Путин најави делумна мобилизација, чии детали ги соопшти министерот за одбрана Сергеј Шојгу, многу Руси се побунија.

Најавата за делумна мобилизација предизвика немири во Русија. Според законот, резервистите повеќе не смеат да го напуштаат местото на живеење.

Интернет-проценките покажуваат дека многу Руси моментално размислуваат за заминување од земјата.

Новиот развој на настаните во руската „специјална операција“ против Украина допринесе за многу Руси да се освестат дека во Украина се води војна. Отсега, според законот, сите кои се воено способни мора да останат на местата на живеење.

На Твитер се појавија многу снимки на кои се гледа дека полицијата брутално ги задушува протестите.

Новинарите на „AFP“, од центарот на Москва известија дека виделе најмалку 50 лица кои полицијата ги привела. Исто така, во поранешната престолнина на царството Санкт Петербург, полицијата опколила и притворила мала група демонстранти, кои ги качиле во автобус, додека тие скандирале: „Нема мобилизација!“.

„Сите се исплашени. Јас сум за мир и не сакам да пукам“, рекол демонстрантот Василиј Федоров за „AFP“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг