Фишер: Светот драматично ќе се промени

Макфакс

22/09/2022

11:24

4.870

Големина на фонт

а а а

Поранешниот шеф на германската дипломатија Јошка Фишер смета дека поради климатската криза, пандемијата на корона вирусот и војната во Украина, светот драматично ќе се промени и дека за 10 години ќе биде сосема поинаку.

Поранешниот германски вицеканцелар при своето излагање во Виена на „Австрискиот енергетски конгрес 2022“ посочи дека ќе има постојана закана на источната граница.

Фишер истакна дека кризите се множат.

На прво место, вели тој, е климатската криза и додава дека светот е далеку од спроведување ефикасни чекори против овој проблем.


Пандемијата на коронавирусот, посочува, нанела голема штета на светската економија.

- Не смее ни да има голема војна. Руската нуклеарна закана е вистинска закана – предупреди тој понатаму.

Тој посочи дека тоа што ќе има постојана закана на источната граница ќе има последици за снабдувањето со енергенси на Европа.

- Времињата на евтин гас и сигурни испораки од Русија дефинитивно поминаа. Немојте да имате илузии дека ќе се врати – нагласи Фишер.


Тој додаде дека сега Европа ќе мора да инвестира повеќе во обновливите извори на енергија.

Фишер гледа глобално враќање на ривалството на големите сили.

- Светот на 21 век повеќе не е свет на кој може да влијаат европските димензии. Затоа Европејците мора да бидат единствени и да влијаат на сопствената судбина – заклучи тој, пренесе Новости.рс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг