(Видео) Гестот на Меган Маркл кон малечката принцеза Шарлот предизвика многу реакции на социјалните мрежи – погледнете што направи девојчето

Точка

20/09/2022

15:47

21.370

Големина на фонт

а а а

Погребот на кралицата Елизабета Втора беше под будното око на целиот свет, а го одбележа и гестот на Меган Маркл кон принцезата Шарлот, ќерката на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

Меган Маркл во Вестминстер суптилно и со многу емоции ѝ се насмевнала на малечката принцеза Шарлот за да ѝ даде поддршка, а нејзиниот гест наишол на бројни симпатии кај луѓето ширум светот.

Откако ја видела Меган и нејзината реакција, Шарлот веднаш се свртела. Дете како секое друго дете. Така многумина ќе го протолкуваат одговорот на принцезата, но веројатно ќе има и такви кои ќе кажат дека војвотката од Сасекс не ѝ е особено драга на ќерката на Кејт и принцот Вилијам.

На Меган негативните коментари ја следат откако во 2017 година се вери со принцот Хари и успеа да стигне во центарот на внимание на јавноста.

Сепак, таа воодушевила многумина со гестот кон малата Шарлот поради тоа што нејзината насмевка ја краселе топлина и љубов. Инаку, додека меѓу Вилијам и Хари се забележани емотивни моменти, меѓу Меган и останатите членови на кралското семејство, не сметајќи ја грофицата од Весекс, владее друга енергија.

Со насмевка Шарлот го поздравила и принцот Хари во текот на службата во капелата св. Џорџ во Виндзор каде беше вчерашниот погреб на кралицата. И, тогаш забележана била брза реакција на принцезата која гледајќи го низ насмевка чичко ѝ Хари веднаш ја свртела главата. Случајност или не?


Шарлот Елизабет Дајана, која од раѓање ја споредуваат со својата прабаба, вчера на братот Џорџ му одржала мал час од протоколот велејќи му дека мора да се поклони пред ковчегот на покојната кралица. Девојчето во еден момент заплакало.




Спонзорирани линкови

Маркетинг