Сончево со мала до умерена локална облачност

Макфакс

19/09/2022

09:22

1.477

Големина на фонт

а а а

Наутро времето ќе биде студено за овој дел од годината, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност претежно во северните делови.

Ќе дува слаб до умeрен ветер од јужен правец, само во западните делови ветерот ќе е западен и повремено ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната од 18 до 25 степени. УВ=6.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умeрен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 23 степени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг