„Работниот ден со него е немилосрден, носам храна за да изржам“: Навиките на кралот Чарлс се ноќна мора за вработените

Точка

15/09/2022

09:52

21.349

Големина на фонт

а а а

За време на владеењето на кралицата Елизабета, кое траеше цели 70 години, ја знаевме речиси секоја нејзина навика, рутина, потег. Имаше многу интересни работи - од тоа што јадеше, зошто секогаш носеше светли бои, какви строги правила применуваше за своите вработени и многу повеќе.

Сега нацијата полека се запознава со рутините на кралот Чарлс III. Една од првите работи што на сите им падна во очи беа отечените прсти, поради кои Интернетот буквално експлодираше. Докторите открија за што се работи, а сега полека многумина се интересираат за навиките на кралот Чарлс и како изгледа неговиот ден.


Џулијан Пејн, претседател за корпоративните работи во Еделман, работел како секретар за комуникации на Чарлс и Камила додека тој сè уште бил принц. Во една прилика открил дека кралот секогаш појадува овошје, семки и чај, додека за ручек речиси никогаш не прави пауза. Иако многумина шпекулираа дека кралот Чарлс секогаш јаде јајца, подготвени на различни начини, поранешниот секретар открил дека тоа е далеку од вистината.

„Никогаш не сум видел ниту едно варено јајце за појадок во сите години што работев таму. Кралот не јаде ручек, па една од првите лекции што ги научив кога бев на пат со него беше да имам обилен појадок или да земам неколку енергетски плочки за да издржам“, додава поранешниот соработник на кралот.


За домаќинството е задолжен мал, но одличен тим на персонал кој напорно работи за Чарлс со децении и ги исполнува сите негови желби.

„Работниот ден е прилично немилосрден. Започнува со вестите на радио, гледајќи ги насловите со појадок со сезонска овошна салата, семки и чај. Чарлс одржува 45-минутни состаноци за нови добротворни проекти, претстојна турнеја или разговара за државни прашања“, вели Џулијан.

Секогаш прави пауза во 13 часот за да се прошета околу својот дом.


„Кралот не сака да остане предолго внатре и секогаш ширум ги отвора прозорците“, рекол тој и додал дека околу 17 часот, кралот го поминува времето со својата сопруга Камила.

Како што вели, потоа јадат овошни колачи или сендвичи, па вечера во 20 часот и 30 минути. Чарлс се враќа на својата работна маса во 22 часот и често останува таму и после полноќ.


Дневните планови понекогаш вклучуваат патувања и јавни настани. Џулијан додава дека кралот сака да разговара со луѓе, што често ги нарушува понатамошните планови за тој ден. Чарлс сега го чека уште побурна дневна рутина, во неговата долгоочекувана улога, бидејќи некои настани сега стануваат задолжителен дел од неговите кралски должности.




Спонзорирани линкови

Маркетинг