Го гледавме како скромниот Марко во филмот „Ние не сме ангели“: Го напуштил актерството, а еве како изгледа денес

Точка

14/09/2022

18:34

8.129

Големина на фонт

а а а

Тој ја толкувал една од главните улоги во култниот филм, а потоа одлучил да тргне по друг пат.

Некогашниот актер Лука Кнежевиќ, вниманието го привлече во филмот „Ние не сме ангели“, каде ја толкуваше улогата на скромното момче Марко кое на сите начини се обидувалo да го привлече вниманието на Мирко Василевиќ.

Во текот на целиот филм Марко му помага на Никола Кoјо ќерката да ја зачува од бројните момчиња кои ѝ се додворуваат, а на крајот тој е тој којшто успева да го освои нејзиното срце и тоа сè благодарение на советите кои ги добивал од нејзиниот татко.

Иако во филмот го привлече вниманието на себе и го покажа својот огромен талент, Марко не продолжил да се занимава со актерство. Откако филмот бил снимен Лука одлучил да се оддалечи од актерството и животот да го насочи во целосно друг правец.

Неговата голема љубов била музиката на која ѝ се посветил, а тој денес е познато лице од таа бранша, односно е диџеј кој се претставува под псевдонимот Луминос и пушта хаус музика по белградските клубови.

Многу години поминале откако беше снимен овој култен филм, а Лука во меѓувреме навистина се сменил. Пораснал во убаво и атрактивно момче кое привлекува внимание каде и да се појави.



Спонзорирани линкови

Маркетинг