Ејми Вајнхаус својот љубовен бродолом го преточила во песната која Џорџ Мајкл ја обожавал: „Не се плашам дека ќе изгледам ранливо...“

Точка

14/09/2022

17:54

4.046

Големина на фонт

а а а

Ејми Вајнхаус во текот на својата музичка кариера објавила голем број хитови. Еден од нив е и „Love Is A Losing Game“ којшто се најде на албумот „Back to Black“.

Инаку, оваа песна настанала во тешкиот период од животот на Ејми. Нејзиното тогашно момче Блејк Филдер Сивил ја напуштил за да ѝ се врати на поранешната девојка.

Откако песните од албумот „Back to Black“ настанале, Блејк се вратил и се венчале во 2007 година. Меѓутоа, тогаш Ејми доживеала емотивен бродолом, но одлучила својата болка да ја искористи за песните за кои сметала дека се искуство кое ќе ја излекува.

„Не се плашам дека ќе изгледам ранливо. Пишувам песни за работите кои не можам емотивно да ги надминам – и тогаш се чувствувам подобро“, изјавила Ејми за „Mojo Magazine“ во јануари 2008 година.

Хитот „Love Is A Losing Game“ освоил награда „Ivor Novello“ во 2008 година за најдобро музичко-текстуална песна.

Ова била првата песна која била миксирана за албумот „Back to Black“. Марк Ронсон, којшто соработувал со Ејми на ова остварување, се присетил дека тогаш бил нервозен затоа што се прашувал како ќе реагира пејачката.

„Дојде на микс првиот ден во студиото Метрополис во Лондон. Првата песна која ја миксавме беше Love Is A Losing Game. Главата ѝ беше на миксетата така што не можев да проценам која е нејзината реакција. Размислувам доколку не ѝ се допаѓа, ние сме во зае*ана ситуација. На крај, таа го крена погледот и пријде, ја пружи раката и силно ме прегрна. Ми се допаѓа, само тргни ја харфата од вториот стих. Звучи како некое сра*е на Мараја Кери, рече. Тоа е симболично за оваа работа во врска со Ејми. Таа може да ти ја намали големината за две секунди“, изјавил Ронсон.


Кога Џорџ Мајкл еднаш бил интервјуиран на радиото за „BBC“ ја избрал песната „Love Is A Losing Game“ како музичко дело кое најмногу би сакал да го слуша на пуст остров, пренесува „songfacts.com“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг