Аргентинскиот водител ја шокирал светската јавност кога известувајќи за смртта на кралицата Елизабета отворил шише шампањ и наздравил со гледачите.
Веста за смртта на кралицата Елизабета Втора не сите ширум светот ја примиле со исто ниво на шок и тага. Во Аргентина, ТВ водителот Сантијаго Кунео отворил шише шампањ во емисија во живо додека известувал за смртта на британската кралица.
На снимката од емисијата во живо, аргентинскиот новинар се појавува окружен со бели и сини балони во бојата на аргентинското знаме, отвора шише шампањ и јаде сендвичи, а пораката на екранот гласи: „Старата вреќа го*на почина“.
Смртта на кралицата е објавена во четврток навечер, со изјава од Бакингемската палата која гласеше: „Кралицата почина мирно во Балморал денеска попладне“.
Но, додека политичарите и лидерите ширум светот праќале сочувство до британското кралско семејство , а новинарите ширум светот оддаваа почит на кралицата, Кунео со провокативни зборови ја пренел веста за смртта на кралицата Елизабета Втора, велејќи дека "старата кретенка е мртва. Засекогаш готова. Гласен аплауз за Сатаната кој конечно ја земал".
"Cuneo":
— ¿Por qué es tendencia? (@porquetendencia) September 8, 2022
Por sus comentarios sobre el fallecimiento de la reina Isabel II pic.twitter.com/OPM238Bf8G
Контроверзната најава на аргентинскиот новинар брзо станала вирална во Аргентина, а хаштагот "Cuneoalmediodia" почнал да се појавува на Твитер. Многумина на Твитер се шегувале дека Кунео е најстудениот Аргентинец и дека во фрижидерот имал подготвено шампањ за таквата објава.
„Кој би рекол дека навистина имал подготвено шампањ во фрижидерот, патриот“, се пошегувал еден корисник на Твитер. „Кунео го претставува просечниот Аргентинец на денешницата“, напишале други.
„Ако во Аргентина има ирски пабови, таму прославата ќе биде интензивна“, се пошегувал друг на Твитер. Многумина во Аргентина го критикувале лошиот вкус на Кунео и ги критикувале и оние што го поддржале неговиот настап. „Јас сум Аргентинец и овој човек не ме претставува. Жал ми е поради оваа загуба“, напишал еден корисник на Твитер.
Аргентина и Британија воделе војна околу Фолкландските острови во 1982-ра година, која Аргентина на крајот ја изгубила.
Но и покрај судирите од минатото, министерството за надворешни работи на земјата и оддало почит на починатата кралица.