(Фото) Светските медиуми на емотивен начин се збогуваат со кралицата Елизабета Втора: „Кралице, ја исполнивте вашата должност...“

Точка

09/09/2022

10:14

3.036

Големина на фонт

а а а

Светските медиуми денеска ги објавија своите изданија посветени на кралицата Елизабета Втора која вчера почина по 70 години владеење на британскиот престол.

Сите печатени медиуми во Велика Британија, а голем број и од светските, своите денешни изданија ѝ ги посветиле на кралицата Елизабета Втора која почина вчера на 96-годишна возраст, откако од средата во дворецот Балморал била под лекарски надзор.

Лондонски „The Times“ ја одбележал денешната насловна страница со впечатлива фотографија од кралицата од нејзиното крунисување во 1953 година со зборовите: „Животот во служба“.


На задната страница на печатениот медиум се наоѓал цитат од нејзиниот божиќен пренос од 1957 година, прв којшто бил емитуван на телевизија.

„Не можам да ве поведам во битка. Не ви давам знаци ниту пак ви делам правда, но можам да направам нешто друго – можам да ви го дадам своето срце и мојата предаденост на сите овие стари острови и сите народи од нашето богатство“, изјавила кралицата тогаш.

Покрај „The Times“, од кралицата се збогувале и „Daily Mail“, „The Daily Telegraph“, „The Guardian“, „The Mirror“, „The Sun“…

Сите тие преку своите насловни страници ѝ се заблагодариле на нивната сакана кралица на 70-годишното владеење, порачувајќи дека својот живот го посветила на кралството и дека нивните срца се скршени, но и дека „тагата е цена која ја плаќаме за љубовта“, (насловната страница на „The Daily Telegraph“).


Освен британските новински изданија, почит на кралицата ѝ оддале и светските портали, како италијански „La stampa“ со наслов: „Кралицата е голема“, потоа и германски „Bild“, француски „Le monde“…

По смртта на кралицата Елизабета Втора на британскиот трон ќе седне нејзиниот најстар син, принцот Чарлс којшто воедно е и најстариот престолонаследник во историјата на британскиот дворец.




Спонзорирани линкови

Маркетинг