Поранешниот руски претседател и заменик претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитри Медведев повторно ја шокирал западната јавност и политичарите со навредливите пораки на сметка на западните политичари.
Неговиот текст кој е објавен на Телеграм има два чина, а првиот е со наслов: Промена на власта во Британија - чичко изрод си замина, дојде тетка изрод.
За Лиз Трас, новата лидерка на Ториевците и британска премиерка, трета по Маргарет Тачер и Тереза Меј, ги дал следните забелешки:
Нов премиер: а) неспособен и просечен термонуклеарен русофоб кој нема елементарни идеи за политика, историја, географија, но кој сака да ја победи Русија во се; б) под Маргарет Тачер, не поседувајќи ни 5 проценти од нејзините способности; в) очекува да ги надмине енергетската криза и инфлацијата, кои настанаа како резултат на сопствените санкции. Ќе се скара со сите, се ќе уништи и срамно ќе замине, како и нејзиниот претходник Џонсон.
Втор чин. Човек со тажно лице по име Борел кажа дека Русија е фашистичка држава.
Не би се враќал на оваа одвратна изјава на комесарот на ЕУ, но морам посебно да нагласам дека таквите работи никој никогаш не смее да ги заборави. Овој службеник треба трајно да биде наведен како суштество без право на помилување.