Лавров за новата британска премиерка: Трас однапред има негативен став кон Русија

Макфакс

06/09/2022

17:54

1.485

Големина на фонт

а а а

Новата британска премиерка Лиз Трас однапред има негативен став кон Русија, додека во сегашните околности за Лондон би било поважно да ги реши односите со најблиските соседи, вклучително и Франција, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Лавров оцени дека Трас има приоритет пред конечно да го одреди својот однос кон Русија, а тоа е да разбере дали францускиот претседател Емануел Макрон е пријател или непријател, пренесува ТАСС.

Лондон се обидува да ја компензира загубата на влијание во Европа со агресивно мешање во ситуацијата поврзана со Украина и бранење на нејзините интереси без да ја земе предвид позицијата на другите земји, посочи Лавров.

На кампањата минатиот месец, Трус рече дека сè уште не одлучила дали францускиот претседател е пријател или непријател, пренесе Телеграф.рс.