Русија не очекува промени на подобро во односите со Велика Британија по изборот на Лиз Трас за британска премиерка, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Ако судиме според изјавите на госпоѓата Трас додека таа сè уште беше министерка за надворешни работи, можеме со голема сигурност да кажеме дека не треба да очекуваме промени на подобро“, рече Песков.
Лиз Трас денеска ќе го замени Борис Џонсон на функцијата премиер на Велика Британија.