Од утре почнува штрајкот на матичните лекари

Точка

04/09/2022

19:54

3.007

Големина на фонт

а а а

Матичните лекари од утре го почнуваат тридневниот протест. Тие ќе бидат во нивните ординации, но нема да издаваат упати и рецепти и ќе прегледуваат само итни пациенти.

Здружението на приватни лекари по четврти пат годинава организира протест, бидејќи според матичните лекари, властите немаат слух за нивните барања.

Поголема капитација, евентуално воведување на минимална партиципација за одење кај матичен, пациенти на ПЗУ, регулирање на електронски рецепт се само дел од барањата на примарното приватно здравство, кое веќе долго време очекува решенија на проблемите.

„Замолуваме да ни кажат која е вистинската причина и зошто сме игнорирани, вака на ни еден матичен, специјалист од приватното здравство, за руралните, за лабораториите за целото приватно здравство 5 години никој не спомнува ништо. Последен пат сме спомнати во 2018 година кога со одлука на Влада беше покачен капитациониот бод. Ако има некоја друга позадина и причина колегите бараат да знаат и да си го бараат чарето“, изјави д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ.