(Видео) „Небесен кит“ – авион на иднината: Пренесува 755 патници, би имал теретана, спа-центар, панорамски поглед...

Точка

02/09/2022

12:39

25.949

Големина на фонт

а а а

Со огромен труп, крила со должина од 88 метри и 755 седишта, овој авион на иднината заслужено го носи името „Небесен кит“.

Поминаа повеќе години откако шпанскиот дизајнер Оскар Винјалс го претстави „AWWA Sky Whale“, а концептот неодамна бил изложен во Кувајт.

Гигант на небото

Технологијата во меѓувреме напредувала, па интересирањето за футуристичко решение на Оскар Винјалс не треба да нè чуди.

Неговиот концепт претставува врв во сегментот на перформансите и одржливоста, потсетува „The Sun“.


„Небесниот кит“ е долг 76,8 метри и ги надминува денешните „Airbus A380“ и „Boeing 747“.

Тој би имал три патнички палуби (туристичка, бизнис и прва класа), а клиентите со најдлабоки џебови би уживале во максималниот луксуз.

Хибриден погон

Леталото би го придвижувале четири хибридни агрегати (на крилата и опашката), кои би користеле гориво и струја.

Замислен е како „летечки хотел“ со теретана, спа-центар и панорамски прозорци за спектакуларен поглед.


Оскар Винјалс се грижи за безбедноста, па „Небесниот кит“ е опремен со активни крила кои се одвојуваат од трупот во случај на непријатност при слетувањето.