„AccuWeather“ објави долгорочна временска прогноза: Каква есен нè очекува на Балканот?

Точка

26/08/2022

18:35

15.645

Големина на фонт

а а а

По топлото и суво лето целиот Балкан го интересира каква есен ќе имаме пред нас, а судејќи по сè таа тешко дека ќе се разликува од летото.

Според прогнозата на американскиот приватен метеоролошки сервис „AccuWeather“, сушата ќе продолжи и ќе имаме топло време над просекот за нашите подрачја.

Температурите повисоки од просечните, според најавите ќе бидат тренд во текот на поголемиот дел од есенските месеци во нашите краеви, но тоа не значи дека нема да има и студени денови.

Што се однесува до дождот, многу е сложено на сезонската скала. Сепак, доколку треба да судиме по американската прогноза, сушата би продолжила барем во раната есен, што би значело дека би продолжила и опасноста од пожари, особено во септември и октомври.

Слична е прогнозата и во Европскиот центар, според кој сè до крајот на август, па и во септември и октомври треба да очекуваме помалку дожд, а многу веројатно е и позитивно отстапување на температурата на воздухот во однос на климатолошкиот просек.

Долготрајната суша ќе продолжи да создава стрес во снабдувањето со храна и вода, како и во превозот на роба ширум Европа поради многу нискиот водостој на реките. Исто така и земјоделството ќе биде на „удар“.