Најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам сè уште продолжува да го бара својот пат кога станува збор за професијата со која сака да се занимава во животот, а моментално се труди својата страст да ја насочи кон готвењето.
Сега повторно во неговата објава на Инстаграм каде 23-годишниот Бруклин покажува како да направите домашна пица – тој е исмеан.
На видеото прикажано е како Бруклин меша вообичаени состојки за тесто – брашно, квасец и маслиново масло со шолја вода. Тестото пред развивање го оставил да отстои, додека пак од друга страна правел сос од домат и испржил печурки.
Иако неговата сопруга оставила коментар со кој му изразила поддршка на својот сопруг, сепак судејќи по останатите коментари и реакции, пријателите не биле импресионирани.
Тие се осврнале на состојките кои младиот готвач ги користи при правење на пицата.


„Сериозно? Базата за твојот сос е конзервиран домат и свеж лук?“, бил еден од коментарите.
Други корисници истакнале дека пицата им изгледа „недоволно печена“ како и дека „тоа е најлошата пица која некогаш ја виделе во животот“.
„Оваа пица изгледа грозно“, напишал некој корисник и му порачал на младиот Бекам да престане да готви.
Инаку, ова не е првпат Бруклин да биде исмејуван. Неодамна го запреле на улица додека возел скапоцен автомобил и го прашале со што се занимава што успеал да си дозволи да вози таков автомобил, а тој одговорил дека е готвач.
Некои од луѓето истакнале дека Бруклин во својот живот не одработил ниту една смена во ресторан и дека има такви работи поради тоа што е дете на мултимилионери, но и дека е венчан со ќерка на милијардер.











