Гутереш во Одеса: Има уште многу работа со извозот на храна

Макфакс

19/08/2022

16:16

1.522

Големина на фонт

а а а

„Договор меѓу две страни постигнат во жесток конфликт. Тоа е без преседан и во однос на обемот и според бројот, но имаме уште долг пат да одиме на многу фронтови“, изјави денеска генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш во Одеса.

Тој потврди дека останува уште многу да се направи за да се обезбеди глобален пристап до украинските прехранбени производи и руската храна и ѓубрива, откако беше постигнат договор за извоз на храна со посредство на Турција и ОН.

Тој повика на непречен пристап до руската храна и ѓубриво кои не се предмет на санкции на светските пазари, пренесува „Ројтерс“.

Гутереш изјави дека електричната енергија произведена во нуклеарната централа во Запорожје, која е под контрола на руските сили, ѝ припаѓа на Украина и бара целосно да се почитува овој принцип.

„Очигледно е дека струјата од Запорожје е украинска струја и таа е неопходна особено во зима за украинскиот народ. И овој принцип мора целосно да се почитува“ – рече тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг