Обдукцијата ја утврди точната причина за смртта на актерката Ен Хеч

Точка

19/08/2022

16:35

6.692

Големина на фонт

а а а

Со извршената обдукција е утврдена точната причина за смртта на холивудската актерка Ен Хеч.

Вештак од Лос Анџелес потврдил дека актерката Ен Хеч починала како последица од вдишување чад и топлински повреди настанати во пожарот кој го зафатил нејзиниот автомобил, откако удрила во гаража во куќа во Калифорнија, пренесува „People“.


Смртта на Ен Хеч официјално е прогласена за несреќен случај, а во извештајот е истакнато дека актерката на кобниот 5-ти август се здобила со скршеница на градната коска.

53-годишната Хеч на 12-ти август беше прогласена за мртва, а тажната вест ја соопшти нејзиното семејство. Два дена подоцна беше исклучена од апарати откако беше завршена донацијата на нејзините органи.


„Денеска изгубивме светлина, љубезна и најрадосна душа, сакана мајка и лојален пријател. Ен длабоко ќе нѝ недостасува, но таа живее преку своите прекрасни синови, својата култна работа и своето страсно залагање. Нејзината храброст и залагањето за вистина ја шират нејзината порака за љубов и прифаќање и ќе продолжат да имаат трајно влијание“, соопшти семејството.


Актерката која ќе ја паметиме по бројните одлични улоги зад себе остави двајца синови – 20-годишниот Хомер и 13-годишниот Атлас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг