Двајца пилоти од „Ethiopian Airlines“ заспале на 11.000 метри висина, ги разбудил аларм

Точка

19/08/2022

22:17

8.936

Големина на фонт

а а а

Двајца пилоти на патнички авион на компанијата „Ethiopian Airlines“ заспале за време на лет, но сепак на крајот успеале да слетаат и никој од патниците не бил повреден.

Летот „ET343“ на 15-ти август патувал од Картум за Адис Абеба, но пилотите потонале во сон на висина од 11.277 метри. Кога требало да започнат со спуштање на аеродромот, контролата за лет повеќе не можела да стапи во контакт со нив.

„А зошто не почнал да се спушта? Затоа што пилотите заспале“

Екипажот се разбудил откако се исклучил автопилотот на авионот и се огласил алармот. Пилотите успеале безбедно да слетаат и авионот останал на пистата околу два и пол часа пред да тргне на следниот лет, пишува „Daily Mail“.

„Длабоко загрижувачки инцидент на најголемиот африкански воздушен превозник. Авионот „Boeing 737 #ET343“ на „Ethiopian Airlines“ сè уште бил на висина од 11.277 метри во моментот кога пристигнал во Адис Абеба. А зошто не почнал да се спушта? Затоа што двајцата пилоти заспале“, напишал на „Twitter“ авионскиот аналитичар Алекс Мачерас.