Фустанот со точки на Џулија Робертс во „Pretty Woman“ во 10 модерни дамски изданија

Fashionel.mk

18/08/2022

16:24

7.880

Големина на фонт

а а а

Романтичната драма „Pretty Woman" (1990) со Џулија Робертс и Ричард Гир остави траен печат и на модната сцена.

По повеќе од три децении, трансформацијата на Вивијан (главниот женски лик кој го толкува Робертс) во модна икона, сѐ уште е инспирација која одново го оживува дамскиот имиџ и му дава современа естетика прилагодена на модерната жена.


Еден од многуте филмски костими што Мерилин Венс ги осмисли за Вивијен, а остана забележан како најелегантен во овој филмски класик, е елегантниот фустан со точки, потенциран со ремен на струкот и надополнет со бели ракавици и шешир.

Овој изглед многупати бил повод модните дизајнери да му дадат нова димензија и интерпретација на дамскиот изглед, па низ модните сезони често наидуваме на модернистички верзии на комбинации со женствени фустани со точки.

За оваа сезона издвојуваме 10 одлични интерпретации.




Спонзорирани линкови

Маркетинг