Тен Хаг размислува да испрати еден стандарден првотимец на клупата

Дерби

18/08/2022

12:53

2.440

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед е на дното на табелата во англиската Премиер лига, а згора на тоа го очекува и тежок дуел со Ливерпул во третото коло.

Менаџерот Ерик тен Хаг стравува од нов непријатен пораз, па затоа работи со своите фудбалери, кои едноставно мора да го променат својот пристап на теренот.

Холандскиот стручњак планира да повлече и еден посериозен потег и според „Сан“, ќе го префрли на клупата за резерви капитенот Хари Мегваер.

Дефанзивецот кој добива многу критики од фановите на Јунајтед игра во очајна форма, а „Сан“ тврди дека Тен Хаг ќе му даде предност на Рафаел Варан и тоа на сметка на Мегваер.

Не се прослави ниту засилувањето Лисандро Мартинез, но Тен Хаг планира да му даде нова шанса на дуелоот со Ливерпул и тоа во тандем со Варан. Мартинез беше повлечен на полувремето во поразот од Брајтон, а за него Јунајтед му плати на Ајакс 55 милиони фунти.

Јунајтед го пречекува Ливерпул во понеделник од 21 часот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг