Русите направиле робот убиец: Конструиран во облик на куче, неговите борбени карактеристики се неверојатни

Точка

16/08/2022

19:12

2.880

Големина на фонт

а а а

Роботот "М-81" кој е конструиран во облик на куче, го направила руската инженерска компанија "Интелект машина", која се занимава со роботика, оружје и вештачка интелигенција.

Како што рекол претставник на компанијата за "РИА Новости", роботот може да биде користен во рамки на вонредна состојба, за извидништво, минување низ урнатини, испорака на лекови...

Истовремено, прилагоден е и за борбени задачи - нишански оган, пренос на оружје и муниција, а може да понесе и противтенковски систем.

Потсетуваме, Меѓународниот форум "Армија 2022" ќе трае до 21-ви август. Планирано е да се одржат 289 настани во објектот "Патриот", на полигонот "Алабино", на аеродромот "Кубинка", како и во сите воени окрузи во повеќе од 30 региони на Русија. На форумот ќе учествуваат воени делегации од 73 земји на светот.

Исто така, претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека многу примероци од руското оружје од новата генерација се години, па дури и децении пред странското вооружување.