Извонредна вечер и една лоша вест: Алегри даде прва изјава за повредата на Ди Марија

Дерби

16/08/2022

12:19

1.886

Големина на фонт

а а а

Воден од тандемот Ди Марија-Влаховиќ, Јувентус прилично лесно се справи со Сасуоло и ја отвори сезоната со сигурна победа од 3:0, а единствена лоша вест за Макс Алегри беше повредата на Аргентинецот при крајот на мечот.

Ди Марија го напушти теренот со болна гримаса и принудно беше повлечен во 66-та минута, па сосема очекувано, новинарите сакаа да дознаат нешто повеќе од Алегри за повредата во пределот на адукторот.

– Не сум многу загрижен за Ди Марија. Ќе видиме што ќе покажат тестовите. За жал, овие работи се дел од фудбалот и често се случуваат.

– Имаше проблем со адукторот и пред една седмица, најверојатно требаше да го извадам порано кога веќе водевме 3:0, но тој уживаше на теренот. За разлика од него, Закарија е добро.

– Најважно од се е што победивме на фудбалски меч, отворивме со победа, онака како што посакувавме. Не беше едноставно да се оствари победа и тоа е најважно, – изјави Алегри, за кого ќе биде вистински хендикеп да го загуби и Ди Марија, откако претходно стана јасно дека нема да смета на Погба околу два месеци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг