(Видео) Вака Стив Џобс зборувал во 1981 година: „Компјутерот е велосипед на 21-от век“

Точка

16/08/2022

10:57

28.769

Големина на фонт

а а а

Еден од основачите на компанијата „Apple“, Стив Џобс во 1981 година образложил зошто мисли дека компјутерот всушност е велосипед на 21-от век.

Во интервју за емисијата „Nightline“ на телевизиската куќа „ABC News“ зборувал за тоа што компјутерот ќе му значи на човештвото.

„Ова е велосипедот на 21-от век затоа што ги зајакнува интелектуалните способности на човекот. Со еден од овие уреди човекот ќе се ослободи од многу маки и ќе овозможи да прави тоа во што е најдобар, а тоа е да работат на концептуално, креативно ниво“, изјавил тој.

Водителот на емисијата Тед Копел, го прашал дали е опасно тоа државните институции, користејќи компјутери да ги имаат сите податоци за граѓаните.

Џобс му одговорил дека најдобра заштита на приватноста е луѓето да бидат компјутерски писмени. Веќе тогаш, кога над илјада американски домаќинства имале еден компјутер, прогнозирал дека всушност секое домаќинство ќе има по еден компјутер.

Меѓутоа, поединци сметаат дека Џобс погрешил во процените за заштита на приватност.

Поголем дел од луѓето се компјутерски писмени, но изложени се на загрозување на приватноста преку технолошки уред.




Спонзорирани линкови

Маркетинг