Тaжна вест: Почина професорот Димитар Бајалџиев, поранешен министер за образование - беше омилен меѓу студентите

Макфакс

15/08/2022

17:10

1.973

Големина на фонт

а а а

На 14.08.2022 година почина проф.д-р Димитар Бајалџиев, долгогодишен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Со неговата смрт загубивме драг и почитуван колега, доајен од областа на вовед во правото и автор на бројни научни и стручни трудови, успешен интелектуалец, извонреден предавач, одличен педагог, посветен наставник и особено ценет пријател.

Проф.д-р Димитар Бајалџиев беше и поранешен Министер за образование и наука, поранешен декан на Факултетот и член на Деканатската управа.

Посмртните останки на проф.д-р Димитар Бајалџиев ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Бутел на 16.08.2022 година (вторник) од 13 до 14 часот.

IN MEMORIAM

Со длабока тага известуваме дека на 14.08.2022 година почина проф.д-р Димитар Бајалџиев, долгогодишен...

Posted by Правен факултет „Јустинијан Први“ - Скопје on Monday, August 15, 2022



Спонзорирани линкови

Маркетинг