Усмртена преслатката Фреја која беше атракција – нејзиното безгрижно сончање го процениле како „опасно по луѓето“

Точка

15/08/2022

17:46

4.362

Големина на фонт

а а а

„Женката морж, која била атракција во фјордот во Осло, успиена е поради безбедносни причини. Проценето е дека е опасна за луѓето“, навеле норвешките официјални лица.

Фреја станала популарна кога пливајќи во близина на крајбрежјето на Осло често се качувала на чамците, каде се сончала.

Иако било издадено официјално предупредување до граѓаните, да не ѝ се приближуваат на 600 килограми тешката Фреја, тие го игнорирале тоа и во нејзина близина правеле фотографии.

„Одлуката за евтаназија на животното е основана врз процена, па управата заклучи дека постои голема опасност по луѓето“, истакнал Франк Бајк Јенсен, генерален директор на Норвешката агенција за рибарство.

Тoј додал и дека разгледани биле и други опции, а една од нив била преместување на Фреја од фјордот, но тоа било отфрлено поради условите на животот на женките моржови.

Одлучено било Фреја да биде успиена на „хуман начин“.

Фреја првпат била забележана во норвешката престолнина во средината на јули, а тогаш го добила името по нордиската божица на убавината и љубовта.

Моржовите се заштитен вид и вообичаено живеат посеверно на Арктикот. Тие не ги напаѓаат луѓето, но сепак во Јапонија забележани биле некои инциденти.




Спонзорирани линкови

Маркетинг