Беше голем заводник во популарната серија, а денес ретко кој го препознава: Што се случило со омилениот лик на жените ширум светот?

Точка

14/08/2022

11:45

11.972

Големина на фонт

а а а

Скот Мејџор, најпознат по улогата на Питер Риверс во серијата од 90-те години „Heartbreak High“, денес по две децении не наликува на популарниот фиктивен силеџија.

Скот привлекол внимание на почетокот на седмицата кога било објавено кратко видео во кое дискутирал за новата верзија од серијата „Heartbreak High“.


Некогаш неговата долга коса била препознатлив знак за него, но сега тој ја негува и долгата брада. Скот со капата која ја носел и огромната брада, ги оставил фановите на австралискиот хит без текст.

„Би сакал да бидам дел од новата верзија. Ги контактирав продуцентите и компанијата која планира да ја прави серијата. Направив сè што можам да направам. Но, можеби тие не ме сакаат. Можеби не сум доволно талентиран. Можеби моето време во серијата помина. Ми беше драго што повторно ќе снимам и се надевам дека новата серија ќе биде добра како и оригиналот“, изјавил Скот.

По серијата Скот глумел во неколку други драми во Австралија и нивниот популарен ситком „Neighbours“.

Инаку, серијата „Heartbreak High“ се прикажувала од 1994 до 1999 година, имала седум сезони и следела група ученици во фиктивно училиште во Сиднеј.



Спонзорирани линкови

Маркетинг