Потпиша нов договор со Барса со клаузула од милијарда евра, па замина на позајмица

Макфакс

13/08/2022

14:23

2.382

Големина на фонт

а а а

Барселона, саботата соопшти дека Нико Гонзалес го продолжи договорот до јуни 2026 година и дека неговата клаузула ќе изнесува милијарда евра. Веднаш по потпишувањето на договорот, Нико Гонзалес се пресели на позајмица во Валенсија.

Целта на Барселона е играчот да добие поголема минутажа, бидејќи минатата сезона играше малку, а и во сегашната ситуација никој не можеше да му гарантира место во тимот.

Џенаро Гатузо, тренерот на Валенсија, изјави дека Нико е токму она што им треба на „лилјаците“.

Нико Гонзалес по завршувањето на сезоната ќе се врати на „Ноу Камп“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг