(Видео) "Porsche Taycan" најбрзо електрично возило на Нирбургринг

Точка

12/08/2022

22:29

24.327

Големина на фонт

а а а

"Porsche" во минатото соборувал многу рекорди на патеката "Nürburgring" со своите модели, а најновото достигнување е резултат на "Taycan Turbo S", кој направил круг во време 7:33.3, со што станал најбрзото сериско електрично возило.

Зад воланот бил возачот на развојното одделение на "Porsche", Ларс Керн.

Тој успеал да го надмине досегашниот рекорд на "Tesla Model S Plaid" од 2021-ва година за 2 секунди. Автомобилот на "Tesla" во 2019-та година од тронот ја симнал претходната верзија на "Taycan Turbo S".

„Воодушевени сме што рекордот на Нирбургринг за електрични возила повторно е во рацете на "Porsche". Ова време не покажува само колкав е потенцијалот на нашиот нов пакет за високи перформанси, туку уште еднаш ги потврдува спортските автомобилски гени на "Taycan"“, изјави Кевин Гик, претседател на одделението за моделот "Taycan".

Автомобилот кој го соборил рекордот бил опремен со "RS-Spyder" бандажи од 21 инч и "Pireli P Zero Corsa" пневматици одобрени за возење на обични патишта. Автомобилот добил нов систем за динамична контрола на шасијата. Системот сега е достапен само на германскиот пазар.

Со исклучок на неопходниот заштитен кафез и тркачките седишта, "Taycan" во се бил ист како и стандардното сериско возило, вклучувајќи го и погонот и тежината.



Спонзорирани линкови

Маркетинг