Во средата во Долна порта во Охрид беше поставен дигиталниот, паметен споменик на Григор Прличев, којшто ги вкрстува вештачката интелигенција и виртуелната реалност во уникатно футуристичко искуство.
Но, само 48 часа по неговото поставување во Охрид, ноќеска истиот е уништен.
Ова го соопшти д-р Анис Сефиданис на неговиот Фејсбук профил:
„Вечерва на 11 август, после нецели 48 часа од промоцијата, паметниот споменик на виртуелен Прличев којшто години го работев со мојот тим и поддршка на Општина Охрид, беше вандализиран и онеспособен од функција.
Непознати лица го пресекле доводот до електричната енергија, го отстраниле македонското знаме и ги искорнале написите. Се обиделе да ги отворат и металните врати за да стигнат до главниот компјутер, но поради цврстиот материјал и безбедносните брави успеале само да го искриват“, вели тој, па додава:
Интеракција со Виртуелен Прличев ?
Позадинска поддршка од хор млади охриѓанчина ?
Posted by Anis Sefidanis, PhD on Wednesday, August 10, 2022
„Случајот веднаш беше пријавен во МВР Охрид, при што екипа направи увид и ќе ја проследи постапката до Јавното Обвинителство. Споменикот е времено надвор од функција, но активно работиме заедно со општина Охрид на неговото реставрирање, како и со безбедносните служби а негова заштита на социопатите со кои за жал нашите деца го делат плоштадот“, напиша професорот.
Инаку, Споменикот претставува високо реалистичен приказ на живописен аватар кој го претставува Прличев синхронизиран со говор на македонски јазик, изворно охридски дијалект кој ги отелотворува стиховите и емоциите на поетот.












