Љубовта на Кристијано Роналдо прошета по улиците на Манчестер во модна комбинација вредна вртоглави 2 милиони евра – за сè се „виновни“ модните додатоци

Точка

12/08/2022

23:37

17.180

Големина на фонт

а а а

Џорџина Родригез со своите модни комбинации неретко привлекува внимание, а последното издание во фокусот на јавноста било поради цената.

Манекенката во Манчестер прошетала во модна комбинација која вкупно вреди два милиони евра, а најскапи во неа биле модните додатоци.

Благодарение на својот стил и начин на облекување, но и фактот што е девојка на фудбалерот Кристијано Роналдо, Џорџина неретко е во центарот на вниманието.

Објавувајќи фотографии на својот Инстаграм профил, таа покажала модна комбинација чија вредност достигнува вртоглави два милиони евра, благодарение на модните додатоци кои ги носела.

Шпанката на улиците на Манчестер прошетала во син фустан oд модната дизајнерка Стела Макартни вреден 1.900 евра кој ја истакнал нејзината неверојатна фигура на тело.

Таа носела високи потпетици од брендот „LeSilla“ вредни 765 евра, а „Hermes“ чантата која ја држи во рацете чини 94.000 евра.

Модните додатоци кои ги носела заедно со оваа модна комбинација, двата прстени и скапиот часовник, значајно ја зголемиле цената на оваа нејзина модна комбинација.


Првиот прстен со дијамант и сафири вреден е 800.000 евра, а вториот е „Cartier“ и вреди 700.000 евра.

Модната комбинација ја надополнила со „Rolex“ часовник вреден 550.000 евра.

Што мислите вие за оваа модна комбинација?




Спонзорирани линкови

Маркетинг