146 казнети возачи на мотоцикли, шест се одземени

Макфакс

11/08/2022

16:49

1.723

Големина на фонт

а а а

Денеска (11.8.2022), во периодот од 8 до 12 часот, спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 146 возачи.

Од нив, 99 возачи не користеле заштитна кацига за време на возењето, 21 возеле без возачка дозвола, шест мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг