Седлоски го призна поразот: Тим како Шамрок не простува такви грешки

Дерби

10/08/2022

10:28

785

Големина на фонт

а а а

Шкупи имаше свои шанси на натпреварот против Шамрок Роверс, па иако беше убеден дека може да ги елиминира Ирците, тимот од Чаир на крајот претрпе втор пораз и се прости од сонот да стигне до плејоф колото во Лигата на Европа.

Најдобриот ирски тим славеше во Скопје со 1:2 и со вкупни 5:2 се пласираше во завршната квалификациска рунда во второто по ранг европско натпреварување, додека Шкупи сега продолжува во плејоф колото во Конференциската лига.

Тимот на Гоце Седлоски се уште има шанса да се избори за европска есен, а утре ќе дознае дали ќе игра против Клаксвик или Балкани од Косово.

– Би сакал да му честитам на Шамрок за победата. Ние бевме без некои играчи, но тоа не е изговор. Наидовме на многу добар, солиден и агресивен противник и заслужено не победија во овие 180 минути фудбал. Направивме три измени на полувремето и тоа донесе ладење, но по првиот гол почна да работи и нервозата. Изгубивме многу топки таму каде што не требаше и противник како Шамрок не го простува тоа.

– Сега продолжуваме со следниот натпревар, не чека тежок противник како Македонија Ѓ.П. Остануваме со шанси и за Конференциската лига, го очекуваме противникот кој ќе го добиеме во четврток, но факт е дека на двата натпревари ќе мора да изиграме со поголем континуитет, – изјави Гоце Седлоски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг