Бен Стилер откри дека неуспехот на аудицијата за овој успешен филм од 90-те и натаму го прогонува

Точка

10/08/2022

09:40

5.755

Големина на фонт

а а а

Бен Стилер открил дека жали што ја упропастил аудицијата за улога во филмот од 90-те години, а станува збор за комедијата „My Cousin Vinny“.

Актерот и режисер се прослави во доцните 80-ти години откако ја добил улогата во „Saturday Night Live“, што довело до негова сопствена серија во 1992 година. Две години подоцна тој дебитирал во филмот „Reality Bites“ којшто исто така го режирал.

Додека неговите други улоги од 90-те години ги вклучуваат филмовите „Flirting with Disaster“ и „There’s Something About Mary“, постои уште еден филм којшто речиси ќе се најдел на таа листа.

Зборувајќи во текот на панелот прашања и одговори за емисијата „Severance“ која ја режирал, Стилер открил дека бил на аудицијата за филмот „My Cousin Vinny“, веројатно за улогата која му припаднала на Ралф Макио.

Меѓутоа, според Стилер тој ја „упропастил“.

Новинарот Вил Мавити известувајќи за споменатиот настан, го споделил признанието на Стилер на Твитер, цитирајќи што рекол актерот:

„Ја уништив својата аудиција за филмот „My Cousin Vinny“. Тоа и денес ме прогонува“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг