Алфа ТВ: Прв сомнителен случај на мајмунски сипаници во Македонија?

Точка

09/08/2022

23:22

3.486

Големина на фонт

а а а

Според неофицијални информации на телевизија "Алфа", во Македонија има прв сомнителен случај на мајмунски сипаници.

Извори на "Алфа" рекле дека бил најавен прием на пациент сомнителен на мајмунски сипаници во Инфективната клинка во Скопје.

Пациентот наводно е во Кичево. Кичевската брза помош, неофицијално, одбила да го пренесе мажот во Скопје, па тој со сопствен превоз тргнал кон клиниката за да ги направи испитувањата.

„"Алфа" се обиде да стапи во контакт со директорката на Инфективната клиника, но засега таа не одговори на нашите повици и пораки, додека пак дежурниот доктор вечерва на клиниката ни кажа дека досега нема пријавено и регистриран таков пациент“, информираат од "Алфа".




Спонзорирани линкови

Маркетинг