По поразот од Исланд, Македонија остана без четврт-финале на СП до 18 години

Макфакс

05/08/2022

22:45

5.317

Големина на фонт

а а а

Женската кадетска репрезентација на Македонија не успеа да се пласира во четврт-финалето на Светското првенство кое се игра во Скопје, откако во одлучувачкиот меч загубија со 25:22 (13:10) за да останат во борба за пласман од 9. до 12. место.

По ремито со Шведска, на селекцијата на Савевски им беше потребно барем реми против Исланд, но поразот значи дека Исланд заедно со Шведска патува во четврт-финалето.

Исланѓанките ја контролираа играата од стартот на мечот, за на полувреме да имаат три гола предност, разлика која ја оддржуваа до крајот на мечот, и која успеавме во финишот да ја намалиме на само два гола разлика (24:22).



Спонзорирани линкови

Маркетинг