Португалија бележи најтопол јули од 1931-ва година

Точка

05/08/2022

22:08

2.156

Големина на фонт

а а а

Португалија минатиот месец забележала најтопол јули, со просечна температура од 25,14 степени Целзиусови, соопштила метеоролошката служба на таа земја.

Горештините ја влошиле сушата во Португалија, чии 45 проценти од копното се во "екстремна суша", а остатокот во "тешка суша".

Многу други делови од западна Европа исто така искусиле претопло време на почетокот на летото, а научниците велат дека климатските промени и натаму го прават времето поекстремно.


Климата во јужна Европа се менува и почнува да личи на климата во северна Африка, велат експертите.

Португалската метеоролошка служба соопштила дека овој јули е најтопол откако почнало државното мерење на температурите во 1931-ва година.


Просечната температура овој јули е речиси три степени Целзиусови повисока од очекуваниот јулски просек.




Спонзорирани линкови

Маркетинг