Преземете ја контролата над вашиот бизнис со Telekom MK апликацијата за деловни корисници

Точка

05/08/2022

15:41

30.603

Големина на фонт

а а а

Комуникацијата е еден од клучните темели на секој бизнис во денешно време и затоа се потребни електронски алатки коишто ќе ви помогнат да останете поврзани, организирани и да управувате со бизнисот во секое време и на секое место.

Telekom MK апликацијата за деловни корисници ве става вас во центарот на управувањето на деловните активности благодарение на нејзините функционалности коишто се адаптирани на корисникот. Со неа ќе имате преглед и контрола над вашите услуги – само со еден допир со прстот.

Зошто оваа апликација е вистински погодок за вашиот бизнис:

Заштеда на време

Со Telekom MK, сите операции поврзани со сметките и тарифите се собрани на едно место и достапни со само еден допир на екранот. Тоа ќе ви помогне да заштедите време и енергија, едноставно отворајќи ја апликацијата и проверувајќи го токму она што ви е потребно.


Поголема контрола

Благодарение на напредните функционалности адаптирани токму на деловните корисници, Telekom MK апликацијата му овозможува на корисникот „во движење“ да управува со сметките, како и да плаќа и да презема фактури за приватните и за компаниските сметки. Со неа ќе имате целосна контрола над интернет сообраќајот во тарифата, детален увид во вкупните трошоци и лесно ќе можете да активирате дополнителни пакети според вашите лични потреби. Едноставно – таа ќе ви помогне поефикасно и полесно да управувате со целиот бизнис.

Безбедност и заштита

Telekom MK апликацијата гарантира безбедност на вашите лични информации и податоци кои секојдневно ви се потребни во работата. Користењето на екстерни апликации од трети извори можеби некогаш звучи како добра идеја, но со нив секогаш ризикувате вашите податоци да завршат на погрешно место. Telekom MK ве поврзува директно со вашиот оператор и ги заштитува сите чувствителни информации, сметки, тарифи и фактури.

Telekom MK е целосно бесплатна апликација достапна за сите нови и постоечки деловни корисници на Македонски Телеком кои ги користат Magenta1Business и Business тарифите. Таа е компатибилна со сите видови смартфони, а можете да ја најдете на Google Play, App Store и AppGallery.

Дознајте повеќе на: https://telekommk.page.link/9k1S.      

Комерцијален текст



Спонзорирани линкови

Маркетинг