Кина претходно најави санкции за Ненси Пелоси и членови на нејзиното семејство.
Освен што претходно најави дека ќе и воведе санкции на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси по нејзината посета на Тајван, кинеското Министерство за надворешни работи најавува и повлекување од заедничката соработка со САД по низа прашања.
"Reuters" наведува дека областите во кои ќе престане соработката меѓу двете се преговорите за климата, дијалогот меѓу американските и кинеските воени лидери, прекуграничната соработка во борбата против криминалот, механизмите за поморска безбедност и односите за имиграцијата и политиката за борба против дрогата.
Потсетуваме, Кина претходно најави санкции за Ненси Пелоси и членови на нејзиното семејства.