(Видео) Необична случка на СП за јуниори: Италијанец ја загуби трката откако му испадна половиот орган при трчањето

Точка

05/08/2022

13:57

12.107

Големина на фонт

а а а

Светското атлетско првенство за јуниори (спортисти до 20 години) кое оваа година се одржува во Кали, Колумбија, ќе остане запаметено по пехот кој му се случил на италијанскиот десетобоец Алберто Нонино.

18-годишниот Нонино одлично ја започнал трката и со леснотија ги претркувал ривалите, но во последната кривина дошло до голем проблем поради кој значително забавил и ја завршил трката на 400 метри на последното место.

Имено, Алберто имал проблем со опремата поради која пенисот му излегувал од шорцевите, што му оневозможило непречено да трча во остатокот од трката.

Нонино по трката се огласил на социјалните мрежи и објаснил каква лоша среќа го снашла:

„Тешко е да се објасни што се случуваше. Едноставно, пенисот ми излегуваше од шорцевите и морав да го држам бидејќи ме спречуваше нормално да трчам. По сè, не се чувствував баш најдобро. Добив многу пораки, фотографии и видеа и би ги замолил следбениците да не го прават тоа. Свесен сум за сè што се случи и навистина не ми е лесно“.

На крајот, младиот Италијанец истакнал:

„Навистина се чувствував лошо поради сè. Морам да им се заблагодарам на семејството и пријателите кои беа покрај мене по сето доживеано и сега веќе се смеам кога ќе се присетам на тоа“, заклучил Алберто.



Спонзорирани линкови

Маркетинг